Кочов: Приморска е силна, но има и слабости кои ќе пробаме да ги искористиме!

2018 10 Окт

Македонскиот кошаркарски вицешампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, попладнево замина за Словенија каде што утре, во Копер, ќе ги одмери силите со една од трите непоразени екипи по воведните кола од АБА2-лигата – Сикст Приморска (18 часот).

Сино-белите добро го почнаа настапот во регионалното натпреварување со две стартни победи на домашен терен против Хелиос и Борац Чачак, поради што очекуваат продолжување на позитивниот тренд, особено во дуелот против еден од најголемите ривали во борбата за првото место. Приморска на идентичен начин, со два триумфи во низа ја почна сезоната, а сите анализи велат дека нашиот тим утре вечер против себе ќе има квалитетен состав кој во моментов би имал што да каже дури и во елитната АБА-лига.

Со ваквата констатација се сложува и тренерот Ѓорѓи Кочов.

„Со оглед на сите информации до кои дојдовме, екипата на Приморска дефинитивно е најсериозен кандидат за пласман во АБА-лигата, а мислам дека во моментов имаат екипа која добро би играла во најдоброто регионално натпреварување. Квалитетно се пополнети на сите позиции, имаат екстра центарска линија и играат агресивно. Нормално, имаат и слабости во играта, кои ќе се обидеме да ги искористиме со максимално пожртвувана и агресивна игра. Имаме ситни повреди во тимот, но верувам дека ако ни се укаже шанса, ќе може да дојдеме до посакуваните бодови“, изјави стратегот на МЗТ Скопје Аеродром.

Ова е прв меѓусебен дуел помеѓу двете екипи, кои е избран за меч на колото и ќе биде директно пренесуван на програмите на телевизијата Арена Спорт.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page