Нова победа: Го растуривме Борац Чачак за два од два во АБА2!

2018 03 Окт

Со гранитна одбрана и голема поддршка од трибините, зачинета со доминација под кошевите и прецизен шут кој се движеше околу 50-отсто, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром без многу мака, лесно и убедливо го совладаа Борац Чачак (82-57) за два од два во новата сезона од АБА2-лигата.

Триумф со кој „металците“ само ги потврдија амбициите за највисок пласман и тоа против екипа која минатата сезона беше меѓу четирите најдобри за завршниот турнир. Неизвесноста во овој меч траеше само во првите четири минути, по што сино-белите од Аеродром почнаа добрата одбрана да ја комбинираат со успешен напад за повеќе од солидни плус 11 (21-10), во период во кој доминираше Летсер Медфорд со шест поени во низа.

Ваквиот однос на силите продолжи речиси до крајот на натпреварот, во кој избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов умешно ја одржуваа високата и најчесто двоцифрена предност, пред сѐ со агресивна одбрана и со по некој проектил од далечина во најпотребните за тоа моменти. Точка на мечот беше ставен во финишот од третата четвртина, кога со серија 11-1 домашниот тим дојде до предност од 62-42, доволен за мирно приведување на средбата до самиот крај.

Далеку попрецизниот шут во однос на гостите од Чачак, како и доминацијата во скок-играта (26-18) се клучните елементи кои на МЗТ Скопје му ја донесоа посакуваната победа за задржување на стоотстотниот ефект во регионалното натпреварување.

Андрија Бојиќ со 15 поени и осум скока беше најдобар во составот од „Јане Сандански“, Медфорд додека Џејмс Вудард и Медфорд реализираа по 10 поени.

Следен јадрански предизвик за македонскиот вицешампион е тимот на Приморска, на кој ќе му гостуваат следниот четврток. Претходно, претстојниов викенд, аеродромци ќе ѝ гостуваат на Блокотехна на стартот од домашното првенство.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page