Кочов: Со помош на навивачите и Борац ќе падне во „Јане Сандански“!

2018 02 Окт

Осоколени по стартната победа против словенечки Хелиос, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, утре (19 часот), ќе го пречекаат силниот и незгоден тим на Борац од Чачак.

Желбата на сите во сино-белиот табор е да одиграат како пред една недела и воопшто да не му дозволат на противникот да размислува на освојување бодови во Скопје.

„Нѐ очекува пресметка со исклучително квалитетен и пред сѐ искусен противник. Поразот на Борац Чачак на стартот од АБА2-лигата не значи ништо и воопшто нема да нѐ залаже бидејќи знаеме дека тие во Скопје доаѓаат по победа. Очекувам дека ривалот ќе игра поконцентрирано и помотивирано за да се извади по стартниот кикс, што воедно ја прави нашата задача уште потешка. Знаеме дека доста трчаат во транзиција и дека имаат голем број квалитетни играчи кои знаат да играат 'два на два'. Клучно ќе биде да одиграме добро под кошевите, пристапот да ни биде како што посакуваме и секако да бидеме агресивно во одбраната. Знаеме дека противникот доаѓа да нѐ победи, но мислам дека има грешна перцепција. Убеден сум дека со помош на навивачите, кон кои апелирам да дојдат во што е можно поголем број, ќе го совлада Борац и ќе се израдуваме на втората победа. Но, за да го сториме тоа ќе треба сериозно да се испотиме, во што воопшто и не се сомневам“, вели тренерот Ѓорѓи Кочов.

Билетите за овој дуел се веќе пуштени во продажба и тоа по симболична цена од 50 денари и можат да се купат на билетарата пред спортскиот центар „Јане Сандански“.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page