Кочов: Покажавме карактер и пожртвуваност и тоа ме радува!

2018 28 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа над Хелиос го почнаа настапот во АБА2-лигата, а начинот на кој дојдоа до неа дефинитивно донесе задоволство кај тренерот Ѓорѓи Кочов.

„Моите играчи заслужуваат честитки за покажаниот карактер и пожртвуваност. Хендикеп за нас беше отсуството на Младеновски, кој поради болест не можеше да игра, поради што примавме лесни поени во рекет. Ова ни беше прв тест со посериозен противник и битно ми е што играчите веруваат во тоа што го работиме на тренинзи. Да не беше грчот на стартот, мечот порано ќе беше одлучен. Ние сме напаѓачка екипа, во која сите добро шутираат, но и во иднина ќе инсистираме на агресивна игра и ќе ги присилуваме противниците да играат брзо. Се надевам дека на следните дуели ќе бидеме уште подобри“ – анализираше тренерот Ѓорѓи Кочов.

Следниот предизвик за МЗТ Скопје во регионалното натпреварување доаѓа следната среда, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува Борац од Чачак.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page