И „Цедевита“ стана дел од спонзорскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром!

2018 22 Сеп

Управата на МЗТ Скопје Аеродром продолжува да го засилува спонзорскиот тим со чија помош ќе бркаме две титули на домашен терен и успешен настап во регионалната лига, откако се официјализираа сите детали околу потпишувањето соработка со „Цедевита“, еден од најпознатите брендови на просторот на поранешна СФР Југославија.

Договорот всушност е со сопственикот на овој бренд, хрватската „Атлантик Група“ и тоа преку претставништвото во Скопје, кое со години наназад бележи одлични успеси на нашиот пазар. Станува збор за една од водечките прехрамбени компании во регионот, со палета од познати брендови кои ги држат водечките позиции во нивните категории (Аргета, Цедевита, Мултивита, Кокта, Донат Мг, Смоки, Баркафе, Гранд кафа, Најлепше жеље).

Taa e водечки европски производител на прехранбени производи за спортисти (Мултипауер), истакнат регионален производител на додатоци во исхраната и производи за лична нега (Диетфарм, Росал, Плидента), како и сопственик на водечкиот приватен синџир на аптеки во Хрватска (Фармација). Атлантик Група е и водечки регионален дистрибутер на светските премиум-брендови на производи за широка потрошувачка, а асортиманот што го произведува и дистрибуира e присутен на повеќе од 45.000 продажни места во Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора и Косово. Компанијата има околу 5.400 вработени на дури 12 различни пазари.

Ова всушност значи продолжување на нашата соработка со брендот „Цедевита“, која се надеваме дека ќе трае уште многу години, секако на обострано задоволство. Претходно, МЗТ Скопје Аеродром ја официјализира соработката со уште две големи компании како „Џевахир Холдинг“ и „УНИ Банка“, а наскоро ќе бидат промовирани уште неколку нови и стари пријатели на клубот без чија помош не би можеле да се надеваме на успешна сезона во која ќе пробаме да ги израдуваме навивачите со враќање на титулата во „Јане Сандански“.

Истовремено, се надеваме дека заедничката успешна приказна, како со „Цедевита“ така и со останатите спонзори, ќе биде мотив повеќе и за останатите општествено-одговорни компании кај нас да станат дел од нашиот победнички тим и да ни помогнат достојно да ја претставуваме Македонија како на просторот на поранешна СФР Југославија така и на европска сцена.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page