Странците пристигнаа: Новиот МЗТ Скопје ги „запали моторите“ за новата сезона!

2018 15 Авг

Среда велат дека бил најсреќен ден во неделата, па во контекст на ова стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром денеска официјално ги почна подготовките за новата сезона и тоа во комплетен состав откако во престолнината пристигна и квартетот странци.

Американците Лестер Медфорд и Џејмс Вудард пристигнаа доцна синоќа, а нешто претходно во Скопје се појавија и Хрватот Иве Иванов и Србинот Андрија Бојиќ, кој и лани беше дел од нашиот тим. Четворицата вечерва ќе му се стават на располагање на тренерот Ѓорѓи Кочов, кој изминативе десет дена неформално работеше со домашните кошаркари.

Според планот на стручниот штаб, до недела ќе се тренира во салата „Јане Сандански“, а веќе в понеделник тимот ќе се пресели во Маврово каде што ќе ги одработи базичните подготовки. Кочов планира одигрување на најмалку шест пријателски средби до почетокот на сезоната, од кои веќе начелно се договорени по две со Гостивар и бугарски Левски Лукоил. Бугарскиот шампион, ако сѐ остане според планот, кон крајот на месецов ќе гостува во Скопје на два меча од кои едниот најверојатно ќе биде од затворен карактер.

МЗТ Скопје Аеродром првиот официјален натпревар од новата сезона ќе го одигра на 27 септември на домашен терен против словенечкиот претставник во регионалното натпреварување, Хелиос.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page