Ги дознавме ривалите во АБА2, сезоната ја почнуваме со две средби во „Јане Сандански“

Ги дознавме ривалите во АБА2, сезоната ја почнуваме со две средби во „Јане Сандански“

2018 26 Јул

Челниците на регионалното јадранско натпреварување денеска ставија крај на сите дилеми и ги објавија имињата на екипите кои покрај МЗТ Скопје Аеродром ќе учествуваат во втората сезона од АБА2-лигата.

Празните места поради немањето втора екипа од Македонија и Хрватска се пополнети со тимови од Србија и Словенија и тоа Вршац и поранешниот АБА-лигаш Хелиос Домжале. Местото на Босна АСА, која во последен момент се откажа, е пополнето со Спарс, екипа која исто така доаѓа од Сараево. Останатите осум екипи се Борац Чачак, Динамик (Србија), Сикст Приморска и Рогашка (Словенија), Ловќен (Црна Гора), Сплит (Хрватска) и Зрињски (БиХ).

Сезоната почнува на 27 септември, а регуларниот дел завршува на 13 март. МЗТ Скопје Аеродром на отворањето на дебитантската сезона во АБА2 ќе одигра два меча по ред дома и тоа против Хелиос и Борац Чачак. За разлика од минатиот шампионат во кој се играше фајналфор, победникот и патникот во елитата овој пат ќе биде одреден со плејоф во кој ќе влезат четирите најдобри екипи. Полуфиналето ќе се игра до две победи, а финалето до три триумфи.

Календарот за целата сезона во АБА2 може да го најдете на следниот линк.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page