МЗТ Скопје Аеродром се засили со Хрватот Иванов!

МЗТ Скопје Аеродром се засили со Хрватот Иванов!

2018 25 Јул

Хрватскиот интернационалец Иве Иванов (32 год, 200 см) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска беа завршени сите формалности околу потпишувањето на едногодишниот договор.

Станува збор за крилен центар, кој и тоа како ќе биде добредојден за четата предводена од тренерот Ѓорѓи Кочов во пресрет на новата сезона во која „металците“ освен што ќе атакуваат на двојната круна на домашна сцена ќе пробаат да се замешаат во борбата за самиот врз во АБА2-лигата.

Иванов е легенда на Задар, каде што мина вкупно седум сезони во три наврати, собирајќи огромно искуство во пресметките со најдобрите екипи од просторот на поранешна СФР Југославија. Хрватот играше во АБА-лигата и во дресот на Крка, што дополнително влева надеж дека ќе биде еден од лидерите на нашата екипа во обидот да се дојде до најсилната јадранска конкуренција. Минатата сезона тој настапи на 21 средба во регионална лига во дресот на задрани со просек од 11,2 поени и 4,7 скока.

Иванов е третото странско засилување за МЗТ Скопје Аеродром летово по Американецот Лестер Медфорд и Србинот Андрија Бојиќ. Од домашните кошаркари, тренерот Кочов во моментов на располагање ги има повратникот Љубомир Младеновски како и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов и Андреј Маслинко. Ангажиран беше и младиот Виктор Исајловски (17 години) и тоа на петгодишен договор.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page