Спортскиот центар Јане Сандански претставува мултифункционален објект кој содржи голема спортска Арена со капацитет од 6500 посетители, мала спортска сала со капацитет за 1000 посетители, конференциска сала, тениски терени, фитнес и аеробик центар, игротека...
Спортска Арена е направена според стандарди за одигрување на сите меѓународни натпревари во кошарка и ракомет. Спортската Арена е прва арена која има три детски зони со по 40 седишта, четири фан зони, и седум ВИП соби.
Во склоп на спортскиот центар има и Мала спортска сала, која е со димензии за кошарка и ракомет, и која има капацитет од 1000 седишта.