Рутински триумф над Кожув за победнички старт на 2022 година!

Победнички старт на годината и тоа со рутинска победа на вечерашното гостување кај Кожув (86-71). И без повредениот Адем Мекиќ во тимот, нашиот тим не остави простор за било какво изненадување, особено во второто полувреме кога ја зголемивме разликата и ги донесовме работите на свое место.

Кристијан Николов со 17 поени и осум асистенции беше прво име меѓу сино-белите, каде што двоцифрен ефект имаа уште и Немања Милошевиќ со 14 поени, Бојан Крстевски и Хуан Дејвис со по 12, Роберт Рикиќ со 11 и Дамјан Стојановски со 10 поени. Наш следен противик е Еуро Никел, кој следниот викенд ќе ни гостува во „Јане Сандански.“